Според последните информации од Центарот за управување со кризи, во текот на денешниот ден биле евидентирани седум нови пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола и еден е изгаснат. Сè уште е активен пожарот во селото Желино кон Еребино, на планината Жеден, каде што горат нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација, кој е и најсериозен
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, во текот на денешниот ден биле евидентирани седум нови пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола и еден е изгаснат. Инаку, како што соопштија од ЦУК, до вчера утрината до 8:00 часот, на територијата на државата биле регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои пет се сè уште активни.
Сè уште се активни пожарот во селото Желино кон Еребино, на планината Жеден, каде што горат нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација, кој е најсериозен, и оној во селото Нивичино, Општина Василево, каде што горат нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Исто така, повторно е активиран пожарот во Општина Македонски Брод, меѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, каде што горат деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, потоа во Општина Прилеп, меѓу селата Царевиќ и Смолани, каде што горат мешана шума и нискостеблеста вегетација.
– Под контрола е пожарот во Општина Велес, кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде што гори мешана нискостеблеста деградирана шума, додека изгаснат е пожарот во Општина Македонска Каменица, во селото Слатина, во местото викано Стојанова Населба – известија од ЦУК.
Оттаму повторно апелираат до граѓаните за одговорно однесување и за зголемена внимателност за да се спречат нови пожари во услови на високи температури и сушен период.
Тројца пожарникари завршија во болница по интервенција на пожар во Ложани
Тројца пожарникари завршиле во болница со респираторни проблеми, по интервенција на голем пожар што избувна денеска, на земјоделско земјиште во атарот на струшкото село Ложани.
Пожарот бил пријавен во 13:13 часот во ОВР Струга, а зафатил површина од околу 20.000 квадратни метри, насадена со пченица, јачмен и со други земјоделски култури, сопственост на повеќе жители од селото.
На терен интервенирале екипи од Територијалната противпожарна единица Струга, кои успеале да го локализираат и изгаснат пожарот. За жал, тројца пожарникари, при гаснењето, се здобиле со здравствени компликации поради вдишување чад и биле пренесени во Општата болница во Струга, каде што се задржани на лекување.
Надлежните институции работат на утврдување на причините за пожарот и за евентуална одговорност.
(А.П.)