
Челниците на лондонскиот премиерлигаш Арсенал се заканија дека ќе стават крај на преговорите доколку и понатаму раководните лица на португалскиот гигант Спортинг од Лисабон бараат нереално обештетување за шведскиот интернационалец, Виктор Џокереш. Арсенал беше подготвен да одвои 65 мил. евра, но португалскиот клуб во последен момент побара најмалку 80 мил. евра за обештетувањето.