Серија вебинари посветени на нови пристапи во филмското образование во Кинотеката

16

Во текот на октомври ќе се одржи серија од шест вебинари под наслов „ФилмЕД презентација“ (FilmED Showcase), посветени на нови пристапи во филмското образование. Вебинарите се организирани од тимот на ФилмЕД – авторите кои самите ги тестирале и имплементирале активностите пред да бидат споделени на платформата https://film-ed.eu/mk/.

Меѓу учесниците и предавачите се: Тереса Вајзер и Тереза Штјастна од Гете Институт Прага (Goethe-Institut Prague), Адела Лахоутова од Крутон (Krutón), Дамјана Патчева од Кинотека на Македонија (Cinematheque of Macedonia), Алиција Новачка, Моника Горска и Каролина Шмигел од Филмски центар Анжеј Вајда (Wajda Film Centre), Барбора Андор Тотова и Роберт Рампачек од Кино Усмев (Kino Úsmev), и Емесе Ердӧш од Национален филмски инстут на Унгарија (National Film Institute Hungary).

Притоа ќе се одржат следниве вебинари: На 7 октомври, 17:00 часот Историја на филм и филмски јазик: Како тие можат да помогнат во современиот свет? – Истражување на филмската историја и јазикот на филмот преку алатки за критичко размислување и медиумска писменост; анализи на класични дела, звук, монтажа и европски краткометражни филмови; на 9 октомври, 17:00 Пракса на снимање на филмови – Практични вештини од областа на филмската продукција: работа со камера, монтажа, раскажување приказна и креативна употреба на најден материјал; на 14 октомври, 17:00 Филмско образование за претшколска возраст – Методи и пристапи за воведување на најмладите во светот на филмот, развивање визуелна писменост, креативност и емоционална интелигенција; на 16 октомври, 17:00 – Како да се подучуваат едукаторите – Улогата на институциите и организациите во поддршката на наставниците преку ресурси, обуки и можности за соработка; на 21 октомври, 17:00 – Пристапност во филмското образование- Инклузивни пристапи за еднаков пристап до филмско образование за различни групи ученици и заедници и на 30 октомври, 17:00 Интердисциплинарно филмско образование – Филмот како образовна алатка во комбинација со други предмети – наука, емоции, сетилни доживувања – со цел да се поттикне ангажираност и емпатија.

Секој вебинар вклучува презентации и модерирана дискусија со прашања и одговори. Сесиите ќе се одржат на англиски јазик.

ИЗДВОЕНИ