Серија напади на украински беспилотни летала врз Москва, делови од западна Русија и Крим во текот на ноќта – едно лице е повредено

110

Украина синоќа започна серија напади со беспилотни летала насочени кон Москва, делови од западна Русија и анектираниот Крим, соопштија руските власти, додавајќи дека едно лице е повредено.

Руската воздушна одбрана уништи 27 украински беспилотни летала, вклучувајќи три над Московскиот регион, соопшти руското Министерство за одбрана на „Телеграм“.

Гувернерот на Московскиот регион, Андреј Воробјов, изјави дека 21 украински беспилотни летала биле соборени над регионот во текот на денот и дека еден цивил е повреден во нападите, објави „Хина“.

ИЗДВОЕНИ