На 17 и 18 јуни! Одложените концерти на црногорската музичка ѕвезда, кантавторот Сергеј Ќетковиќ, во Македонската филхармонија во Скопје, ќе се одржат на 17 и 18 јуни, со почеток во 20 часот, велат од организацијата, продукцијата „Ивентум“.
Настапите, кои првично беа закажани за 21 и 23 март, беа одложени поради прогласените денови на жалост по трагичниот пожар во Кочани. Секако дека ниту Сергеј не беше тогаш во можност да пее.
Организаторите потврдуваат дека сите тогашни купени билети остануваат важечки за новите датуми. Ако некој од посетителите не е во можност да присуствува, може да поднесе барање за рефундација. Во секој случај не очекуваат прекрасни музички дружења со Сергеј, кој ги пее воедно и прекрасните балади, меѓу кои и Евровизиската „Мој свијет“. И со рефренот кој тогаш ја освои музичка Европа:
„Мојот свет го чувам за тебе,
Во мојот свет нека те вратат,
за да ми осамне денот
Со тебе единствено знам за љубов…“ (Д.М.)