Септемвриското лето продолжува во Македонија, и денеска натпросечно високи температури

18

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура се движи во интервал од девет до 16 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 25 до 34 степени.

Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево и топло, со мала до умерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во главниот град денеска се очекува да се искачи до 34 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во наредните денови се очекува да продолжи периoдот на сончево и топло време. Утре во попладневните часови во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува од северен правец, а во вторник ќе го промени правецот во јужен. Од четврток синоптичарите најавуваат извесно зголемување на облачноста.

ИЗДВОЕНИ