Народната банка, во соработка со Стопанската комора на Република Македонија, организираше работилница за деловната заедница посветена на практичните аспекти и предизвиците при прекуграничното плаќање во евра преку Единствената област за плаќања во евра (СЕПА).

На работилницата, на која учествуваа повеќе од 60 компании, претежно од извозно-увозниот сектор, беа презентирани новите услови и конкретните придобивки од членството во СЕПА. Беше истакнато дека СЕПА овозможува побрзо, поевтино и потранспарентно плаќање, со значително пониски трошоци во споредба со СВИФТ- трансферите.

Според изнесените податоци, компаниите што користат СЕПА имаат во просек осумкратно пониски надоместоци за одливното и тројно пониски за приливното плаќање до 20.000 евра, што носи значителни годишни заштеди и ја зголемува конкурентноста на домашните компании.

Од Народната банка најавуваат дека ќе продолжат ваквите едукативни активности и во наредниот период, со цел подобро искористување на придобивките од интеграцијата во европскиот платежен простор.

ИЗДВОЕНИ