петок, јануари 23, 2026
Дома СКОПСКА Сензорна соба за децата со попреченост во ООУ „Тихомир Милошевски“

Сензорна соба за децата со попреченост во ООУ „Тихомир Милошевски“

304

Во завршна фаза се градежните активности за изградба на современа сензорна соба, простор што ќе овозможи подобри услови за работа и поддршка на дечињата со попреченост во ООУ „Тихомир Милошевски“.

– Покрај оваа значајна инвестиција, во ова училиште во брзо време ќе се реализира целосна промена на старите подови во училниците, со површина од 165 квадратни метри, како и поставување нови врати. Овие активности се дел од нашата заложба за унапредување на условите за образование и благосостојба на учениците – велат од Општина Ѓорче Петров.

 

ИЗДВОЕНИ