четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Сенатот на САД ќе ја разгледа резолуцијата за ограничување на континуираните воени...

Сенатот на САД ќе ја разгледа резолуцијата за ограничување на континуираните воени дејствија на Трамп во Иран

145

Американскиот Сенат следната недела ќе разгледа резолуција со која ќе се ограничи можноста на американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со воените операции во Иран, изјави Чак Шумер, водечкиот американски демократ во Сенатот.

Сенаторот Шумер, демократ од Њујорк, изјави дека Сенатот ќе ја разгледа резолуцијата за воените овластување следната недела, откако сенаторите ќе се вратат од двонеделната пауза, пренесе американскиот весник „Њујорк тајмс“.

Целта е да се ограничи можноста на претседателто Трамп да ги продолжи воените дејствија во Иран.

Зборувајќи на прес-конференција во Њујорк, Шумер ја нарече војната во Иран „една од најлошите воени и надворешнополитички акции што САД некогаш ги презеле“.

Ова е четврти пат откако започна конфликтот пред повеќе од еден месец, демократите да го принудат Сенатот да го испита обемот на воените овластувања на републиканскиот претседател Трамп.

ИЗДВОЕНИ