Општина Гази Баба подготвува голема сенародна прослава на празникот Свети Кирил и Методиј, која ќе се одржи на 24 Мај (сабота), со почеток во 19:30 часот, во населеното место Стајковци.
Предвидена е незаборавна културно-уметничка програма во која ќе чествуваат познатите музички имиња Миле Кузмановски, Сузана Спасовска и Влатко Миладиновски.