Екипата на Манчестер сити тргна во офанзива за фудбалерот на Бурнемаут, Антоан Семењо, пишуваат британските медиуми.

Сити е еден од главните претенденти за титулата оваа сезона во Премиер лигата, па затоа не смее да ѝ остави ништо на случајноста. Поради тоа, реши уште во јануарскиот трансфер рок да ги осигури услугите на Семењо доколку сака да остане во борбата за титулата, покрај супериорниот Арсенал, кој игра одлично оваа сезона, на сите полиња.

Локалните новинари известуваат дека Сити е многу блиску до договор за трансфер, а клаузулата за ослободување на Семењо е 65 милиони фунти и истекува на 10 јануари.

Инаку, интерес за него покажуваат и Манчестер јунајтед и Ливерпул.

ИЗДВОЕНИ