Семејството на тинејџер кој изврши самоубиство во САД го обвинува „Чет-џи-пи-ти“ за смртта на нивниот син

75

Семејството на тинејџер кој изврши самоубиство во април оваа година во американската држава Калифорнија го обвини ботот за вештачка интелигенција „Чет-џи-пи-ти“, од „ОпенАИ“, дека е одговорен за смртта на нивниот син, објавија американските медиуми.

Родителите на Адам Рејн, кој изврши самоубиство во април оваа година, тврдат во нивната тужба против „ОпенАИ“ дека тинејџерот го користел „Чет-Џи-Пи-Ти“ како свој „инструктор за самоубиство“, објавува „Ен-би-си њуз“, пренесува „Танјуг“.

Во деновите по самоубиството на нивниот 16-годишен син, Мет и Марија Рејн велат дека очајно го пребарувале неговиот телефон барајќи индиции за тоа што можело да доведе до трагедијата.

„Мислевме дека треба да пребаруваме разговори на Snapchat или историја на пребарување на интернет или некој чуден култ, не знам“, рече Мет Рејн во неодамнешно интервју, додавајќи дека семејството не нашло одговор сè додека не го отвориле „Чет-џи-пи-ти“.

Во тужбата од околу 40 страници се тврди дека „ОпенаАИ“, компанијата што е сопственик на „Чет-џи-пи-ти“, и нејзиниот извршен директор Сем Алтман се одговорни за самоубиството на нивниот син, Адам Рејн.

ИЗДВОЕНИ