Кашмира Булсара, сестрата на легендарниот Фреди Меркјури, наводно потрошила повеќе од 3,5 милиони долари за да ги добие личните работи на пејачот, откако неговата поранешна партнерка Мери Остин ги ставила на аукција. Остин беше најголемата љубов на Фреди и по неговата смрт таа го наследи неговото богатство.
Кашмира, откако дознала дека Мери продава некои од неговите работи, била тажна поради тоа и решила да ги задржи предметите. Таа и нејзиниот син Џамал Зук одлучија да учествуваат на аукцијата и да купат некои од неговите предмети, а притоа останаа анонимни за Мари да не дознае дека се обидуваат да купат одредени предмети.
„Кашмира беше лута и вознемирена кога виде дека толку многу работи на нејзиниот сакан брат стануваат достапни за сите да ги купат“, изјавил извор за странските медиуми, пишува Дејли мејл.
Сестрата на Фреди отишла на приватно разгледување за да ги види предметите што се продаваат, а потоа во нејзино име ја испратила својата помошничка во Сотби. Тој исто така изјавил дека таа ја следела аукцијата преку интернет и на својот асистент му кажала колку пари да понуди.
„Тие издвоија огромна сума, па всушност беа многу задоволни со конечната бројка, и покрај тоа што платија значително повеќе од проценетата цена за секој предмет. Се разбира, Кашмира цени колку Фреди беше обожаван ширум светот, но беше тажна од помислата дека некои од неговите сентиментални предмети нема да бидат со неговите најблиски“, додаде изворот.
Меѓу предметите кои Кашмира ги купила бил и елек вреден 163.000 евра, на кој биле насликани мачките на Фреди, кој го носел во спотот за песната „These are The Days Of Our Lives“, шест месеци пред неговата смрт.
Таа наводно платила повеќе од 474.000 евра за џубоксот и нешто повеќе од 326.000 евра за осум страници нацрт текст на песната „Killer Queen“ од 1974 година. Најмногу пари потрошила на војничка јакна направена за 39-тиот роденден на Фреди. Наводно за тоа платила повеќе од 533.000 евра.
На аукцијата беа продадени и светилка направена од вазна „Daum Persimmons“, качулка „Најк“ и послужавник за коцки мраз.
Мери претходно продаде повеќе од 1.400 лични предмети на Фреди за вкупно 14,2 милиони евра. Таа аукција се одржа во 2023 година, а предметите беа продадени по изложбата „Freddie Mercury ‘A World of his Own“.
На изложбата беше прикажана досега невидена приватна колекција на лични предмети од неговиот дом во Гарден Лоџ. Неговата колекција во Гарден Лоџ остана главно недопрена околу 30 години по неговата смрт, а тој ја остави во сопственост на Мери.