Фото: pexels

Две деца, на возраст од три и шест години, починаа од сомнително труење со хран во Истанбул. Семејството, кое пристигнало од Германија на одмор, било хоспитализирано откако консумирало школки и компири во популарната населба Ортаќој во Истанбул, објави Euronews.

Семејството Бочек – таткото Сервет, мајката Чигдем и нивните деца, шестгодишниот Кадир Мухамет и тригодишниот Масал – пристигнале во Истанбул од Германија во неделата и престојувале во хотел во населбата Фатих. Два дена подоцна, во вторник, семејството јадело школки купени од уличен продавач во Ортаќој и компири во ресторан. Веќе следниот ден, вчера, побарале лекарска помош поради гадење и повраќање.

По добивањето на серумска терапија во болница, семејството било отпуштено и вратено во хотелот. Сепак, нивната состојба драматично се влошила во текот на ноќта. Мајката Чигдем Бочек ја пронашла својата тригодишна ќерка Масал неподвижна. Повикани биле медицински и полициски екипи и целото семејство било вратено во болница.

За жал, немало начин да се спасат двете деца – тие починале и покрај сите напори на лекарите. Здравствената состојба на родителите останува сериозна. Таткото Сервет Бочек е интубиран, додека мајката Чигдем Бочек е на лекување на интензивна нега. Полицијата заплени снимки од безбедносните камери од хотелот и испраша четири сведоци. Абдула Емре Гунер, директор за здравство на покраината Истанбул, потврди дека е започната истрага.

ИЗДВОЕНИ