Селаните истураат песок на патот за да спречат сечење на шумата

60

Револтирани од ненајавената сеча на шумата над селото, жителите на Љубојно денеска повторно излегоа на протест.

На местото каде што се врши сечењето, тие истурија песок на патот за да го оневозможат пристапот на машините, а најавија и целосна блокада уште од 5 часот изутрина.

Месното население реагира што никој не го известил зошто се сече шумата, ниту дали се врши тоа плански и според законските процедури. Загрижените жители веќе испратија писмо до „Македонски шуми“, градоначалникот на Ресен, Министерството за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и водостопанство и до Министерството за животна средина.

Предупредуваат дека оваа активност предизвикува сериозна еколошка штета, загрозувајќи ги флората и фауната, го нарушува туристичкиот потенцијал на селото и носи закани за локалната заедница. Од надлежните бараат итно стопирање на сечата, официјално соопштение и вклучување на претставници од селото во сите идни одлуки за управување со шумскиот фонд.

 

 

ИЗДВОЕНИ