Села контра Меџити: „Јас како дел од владата – НЕ“

127

Претседателот на дел од Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ја оцени како конфузна и невистинита најавата на еден од водачите на Вреди, Изет Меџити, дека е можно Алијанса да стане дел од Владата. Тој потенцира дека секогаш дејствувал чесно за да ги заштити правата на Албанците, а не за привилегиите на власта.

„Вие во комуникација со мене – НЕ. Јас како дел од владата – НЕ. Јас на страната на оние кои сакаат да ги поништат нашите права како народ – НЕ“, напиша Села на Фејсбук.

Тој вели дека политичките достигнувања ги мери врз основа на придонесот за рамноправност на Албанците, а не врз основа на интересите на власта.

Села предупредува дека работата во парламентот ќе продолжи како и секогаш, лице в лице со Владата, за да се заштитат интересите на граѓаните Албанци.

Вицепремиерот и еден од лидерите во коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, во изјава за ТВ „21“ не ја исклучи можноста политичари од Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, меѓу кои и Зијадин Села и неговото крило на Алијанса за Албанците, да станат дел од Владата.

ИЗДВОЕНИ