понеделник, јануари 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Села го оспори „Безбеден град“ пред Уставен суд

Села го оспори „Безбеден град“ пред Уставен суд

30

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, заедно со пратениците Илире Даути и Елми Азири, поднесоа иницијатива до Уставниот суд за оспорување на Законот за прекршоци, чии измени беа донесени за функционирање на системот „Safe City“. Села изјави дека законот има многу дилеми кои требало да се разјаснат пред неговото усвојување.

-Пред Уставот граѓаните треба да бидат еднакви и како такви сите граѓани, без разлика дали живеат во Куманово, Скопје или Тетово, треба еднакво да бидат опфатени со овие проекти и во Струмица, Охрид, како и во Кичево, Кавадарци, Штип и насекаде, вели претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Според Села, ваквата поделба дава причина да се посомнева дека има цел за изнуда на одредена категорија граѓани. Тој го оспорува и непочитувањето на албанскиот јазик.

-Не се почитуваат Уставот и Законот за употреба на јазиците. Без разлика каков е политичкиот став на одредени политички експоненти, не може да не се почитуваат законите кои се во сила, вели претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Начинот на изрекување на казните преку СМС-пораки до граѓаните, според Села, ја ограничува можноста за жалба.

-Ние со закон сме обврзани, но не само ние, туку целиот цивилизиран свет е обврзан да има адреса на која ќе ни се доставуваат и прекршочни пријави, казни итн., но не сме обврзани да поседуваме телефонски броеви и е-пошта, вели претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Алијансата за Албанците очекува што е можно побрз епилог на оваа иницијатива. Инаку, во петокот Собранието ги усвои измените во Законот за прекршоци, со што се отвори патот за стартување на системот „Safe City“ од 1 февруари. Законот предвидува користење технички средства за евидентирање и санкционирање на прекршоците, како што се пречекорување на брзината, поминување на црвено светло и непрописно паркирање.

ИЗДВОЕНИ