Поранешниот НБА играч, Кајл Синглер, објави вознемирувачка порака на социјалните мрежи, со што ги алармираше Соединети Американски Држави. Тој изнесе сериозни обвинувања и рече дека неговото дете било злоставувано и дека завршило на улица како бездомник.
Ова не е прв пат да остава слични пораки и очигледно е дека е психички потресен.
- Не се чувствувам безбедно. Имам луѓе во мојот живот кои ми ги земаат парите. Ова е порака до сите што се задевале со мене, рече играчот кој кратко го носеше дресот на Реал Мадрид и додаде:
- Моето дете беше сексуално, физички, емоционално и духовно злоставувано. Тоа е срам за сите што ме познаваат, тоа не е помош. Да се е*ат сите. Дјук, Медфорд, сите, додаде тој, осврнувајќи се на неговиот НЦАА тим, Дјук, и неговиот роден град, Медфорд.
- Моето дете беше оружје против мене. Не се извинувам што го живеев животот од љубов. Бев тука за луѓето со кои сакав да бидам, но тоа не беше возвратено. Ме искористуваа на секој чекор. А, сега зборувам глупости. Сите вие ќе зборувате глупости. Сега и јас зборувам глупости. Се надевам дека ви се допаѓа, рече вознемирениот Американец.
По оваа објава, многумина се загрижија за неговиот живот.











