Модна дизајнерка од Колумбија ја разубави музичката ѕвезда! Балканската музичка ѕвезда, Северина, и ова лето, оправдано ги фрли на колена сите мажи што внимаваат на својата мажественост. Причината е едноставна. Пејачката дојде на плажа облечена (или, подобро кажано, соблечена) во феноменален костим за капење. Станува збор за дводелен шарено-син костим со потписот на светски познатата модна дизајнерка, Јохана Ортиз од Колумбија.
Северина ја сподели радоста со сите своите обожаватели, на „Инстаграм“. Се редеа голем број коментари. Од тоа дека никогаш нема утнато при изборот на гардероба за на плажа, до тоа дека најдобро од сè би било да ја видиме на нудистичка плажа, без „крпчињата“ за пливање.Како и да е, секси Северинаизгледа како божица на синото море. Дводелниот костим што го носи е дополнително украсен со ефектни морски мотиви. Тука се и нејзините неизбежни сакани бели очила за сонце. (Д. М.)