Сексапилната русокоса од некогаш, ниту се шминка, ниту е русокоса! Памела Андерсон направи радикална трансформација/ФОТО

732

Париската недела на модата повторно донесе многу изненадувања, а едно од најголемите беше Памела Андерсон. На модната ревија на Том Форд, таа покажа нова фризура и изненадувачка боја на коса. На 58 години, Памела Андерсон докажува дека стилот и храброста за промена не познаваат граници. Таа го започна своето патување кон нов изглед пред неколку години кога се откажа од шминката и прифати природен изглед. Тој потег предизвика многу реакции во тоа време, а актерката јасно стави до знаење дека се чувствува подобро без слоеви пудра и маскара.

Во летото 2025 година, таа отиде чекор понатаму и ја скрати косата до рамената, останувајќи верна на својата русокоса нијанса. А потоа, на пролетната Мет Гала, ги изненади сите појавувајќи се со сосем различна фризура од нејзината препознатлива, која ѝ го отвори лицето и ја подмлади на сосема природен начин.

Радикална есенска трансформација
Таа го покажа својот нов изглед за прв пат на ревијата – богата црвена нијанса и кратка, модерна фризура. Беше облечена во црно од глава до пети – долг фустан и преголема јакна само го зголемија ефектот на изненадување.

Драстичната промена на бојата на косата се должи на познатиот фризер Жан Нолет, кој пронашол инспирација во стиловите на шведските актерки Гунел Линдблом и Биби Андерсон. Иронично, на истата забава две години претходно, Памела првпат се појави без шминка, а сега отиде уште подалеку и целосно го редефинираше својот изглед.

Резултатот е фризура која го освежува лицето, дава мекост на цртите на лицето и топлина на погледот. Пример дека вистинската фризура може да подмлади повеќе од кој било третман. Особено кога се носи без шминка, тогаш природната убавина доаѓа до израз.

Зошто црвената боја и пикси фризурата?
Изборот на црвена нијанса не беше случаен. Црвената коса симболизира енергија, младост и топлина. Сепак, важно е да се избере вистинскиот тон: на светлите тонови на кожата најмногу им одговараат бакарни и златни тонови, на потемните тен им одговараат теракота и махагони, додека на жените со зелени очи им одговара килибарен сјај.

Што се однесува до самата фризура, „обраснатата пикси“ е совршена рамнотежа помеѓу радикално кратка коса и класична должина. Главниот шарм е во меката текстура и подолгите шишки кои даваат динамика и можност за лесно менување на стилот. Фризурата е идеална за оние кои сакаат да експериментираат и сакаат волумен дури и на тенка коса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pamela Anderson (@pamelaanderson)

ИЗДВОЕНИ