сабота, јануари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Секојдневно сум предмет на јавен линч“: Филипче најави тужба за клевета, го...

„Секојдневно сум предмет на јавен линч“: Филипче најави тужба за клевета, го повика Жан Митрев да поднесе кривична пријава кај обвинител

28

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека секојдневно е предмет на јавен линч преку „груби лаги“, постојана црна кампања и манипулации и најави тужба за клевета за, како што рече, наредбодавачите и извршителот и го повика Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава.

– Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета, рече Филипче на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.

Обвини дека власта не сака реформи, не сака реформирано правосудство по европски стандарди и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја поминало секоја граница. Истакна дека нема одговор на вистинските прашања, како за дупката во буџетот од 2 милијарди евра, за тоа што нема пари за да се зголемат платите и пензиите, за мигрантите, за црниот капитал преку АЛТА банка, за корумпираните тендерски постапки насекаде во државата, дека луѓе од врвот од Владата се среќаваат со „Ноќни волци“ блиски до Путин…

– На граѓаните им е потребен подобар живот, повисок стандард, повисоки плати, повисоки пензии, добра иднина, пат кон Европа и за тоа треба да зборувме, рече Филипче.

Жан Митрев вчера во емисијата Вечерно шоу на Богдан Илиевски изнесе тврдење дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво во болницата „Жан Митрев“, за време на судскиот процес што се водеше против д-р Митрев.

 

ИЗДВОЕНИ