Рускиот претседател Владимир Путин денес предупреди дека сите западни сили во Украина би биле „легитимна цел“ за руската војска. Тој зборуваше еден ден по состанокот на европските сојузници на Киев за безбедносните гаранции.
„Ако било кои сили стапнат таму, особено сега кога борбите се во тек, ќе претпоставиме дека тие се легитимни цели“ за руската војска, изјави Путин на економски форум во Владивосток. И ако се донесат одлуки што водат кон мир, траен мир, едноставно не ја гледам поентата на нивното присуство“ на украинска територија, додаде Путин.
Тој рече дека „никој не треба да се сомнева дека Русија целосно ќе ги почитува“ идните безбедносни гаранции за Украина.
На самитот на Коалицијата на подготвените, предводена од францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, 26 земји, претежно европски, вчера „формално се обврзаа“ да „распоредат трупи во Украина како сили за поддршка или да бидат присутни на копно, на море или во воздух“, рече Макрон.