
Психолошкото здравје на бремените жени и родилките сè уште не добива доволно внимание, предупредуваат здравствените експерти. Според нив, речиси една од три жени во овој чувствителен период се соочува со ментални потешкотии кои често остануваат незабележани и нетретирани.
Последиците, велат лекарите, може да бидат сериозни и да влијаат не само врз мајката, туку и врз развојот и благосостојбата на детето.
Како дел од активностите во рамки на Неделата на женското здравје, деновиве беше претставен нов прирачник кој овозможува рано препознавање и дијагностицирање на нарушувања на менталното здравје кај бремени жени и родилки, со цел навремена интервенција и поддршка.