Секој втор бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото

191

Секој втор анкетиран бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото, се наведува во најновото истражување на „Евробарометар“.

Според истражувањето, 50 проценти од Бугарите се против воведувањето на еврото, додека 43 проценти го поддржуваат овој чекор, објавува порталот Новините.

Резултатот ја става Бугарија меѓу петте земји од Европската Унија каде што мнозинството граѓани се против приклучувањето кон еврозоната.

Во оваа група спаѓаат и Шведска со 55 проценти од населението против еврото, Полска со 59 проценти, Чешка со 63 проценти и Данска со 65 проценти.

Бугарските економисти во моментов се поделени околу тоа дали нивната земја е подготвена да се приклучи кон еврозоната на почетокот на 2026 година, додека банкарскиот сектор објави дека е добро подготвен за овој чекор.

Во својата порака, организацијата нагласува дека банкарскиот сектор во земјата е веќе длабоко интегриран со еврозоната, отворајќи го патот за непречена транзиција.

Дополнително, ниското ниво на јавен долг во Бугарија се издвојува како клучен позитивен фактор, со сооднос на јавен долг со БДП од 24,1 процент на крајот од годината, што е далеку под просекот на ЕУ од 81 процент.

Буџетскиот дефицит на Бугарија останува во рамките на прагот од три проценти, а економијата забележа солиден раст од 3,1 процент во првиот квартал од 2025 година.

ИЗДВОЕНИ