„Секој што сака да живее во Германија мора да ги почитува правилата, ако не ги почитува, мора да си замине“, вели Мерц

40
EPA/HALDEN KROG

Во октомври, канцеларот Фридрих Мерц ја „запали“ јавноста со остра изјава за влијанието на мигрантите врз ситуацијата во германските градови. Тој сега вели дека требало да го формулира поинаку, објави германската новинска агенција (dpa).

„Можеби требаше да објаснам што точно мислев со тоа… Денес ќе го формулирав поинаку“, рече тој во понеделник вечерта на телевизијата ARD, одговарајќи на прашања од гласачите.

Тој рече дека има градови кои се „целосно запоставени“ и „тоа има врска со она што го кажав и ние мора да го промениме тоа“.

„Затоа постојано велам, ова се две страни од истата монета. Ни требаат имигранти… за целиот здравствен сектор, секторот за нега, за многу други области“, рече Мерц. „Без луѓе што доаѓаат од други земји, тоа едноставно повеќе не функционира“.

„Би сакал посилно да ја нагласам таа разлика“, продолжи конзервативниот лидер. „Но, верувам дека секој што се обиде да разбере со малку добра волја навистина разбра што мислев“.

Од друга страна, Мерц нагласи: „секој што сака да живее во нашата земја мора да ги почитува правилата, а ако не ги почитува, мора да си замине“.

Мерц во октомври изјави дека владата ги корегира минатите неуспеси во миграциската политика, „но сè уште го имаме овој проблем, како изгледаат нашите градови, па затоа… министерот за внатрешни работи олеснува масовни депортации“.

Подоцна, кога беше замолен да објасни, тој рече: „Прашајте ги вашите ќерки што мислев“.

Подоцна појасни дека проблемите се предизвикани од мигранти без дозвола за престој, кои не работат и не ги почитуваат правилата во Германија.

ИЗДВОЕНИ