
Даниел Дубоа изгледа решително пред реваншот со Александар Усик, закажан за 19 јули, на „Вембли“. Победникот од таа борба ќе стане неприкосновен шампион во тешка категорија.
Во рингот, Британецот ја носи титулата на ИБФ, која ја одбрани минатата година, со нокаутирањето на Ентони Џошуа, додека Усик ќе ги заложи појасите од ВБА (Супер), ВБЦ и од ВБО.
Украинскиот боксер во тешка категорија го победи Тајсон Фјури двапати минатата година. На првиот меч, тој ги обедини појасите во тешка категорија, а потоа ја „ослободи“ титулата на ИБФ за да договори реванш со Џипси Кинг, на кој повторно беше поуспешен.
Усик и Дубоа се бореа еднаш претходно, тоа се случи во август 2023 година, на стадионот во Вроцлав, каде што победи Украинецот. Британецот неодамна најави дека ќе го погоди секој небранет дел од телото на Усик и дека ќе му нанесе само болка на нивниот претстоен меч.
„Едноставно морам да победам. И дали ќе се насочам само кон телото на Усик? Не. Ќе го удирам со сите мои оружја на секое место што нема да го брани. Секој мој удар ќе биде силен и болен! Видовте во првата борба како мојот удар го собори. Сега ќе биде уште поболно. Многу работи беа против мене во првата борба и заврши така како што заврши. Но, сега се вратив и се чувствувам како нова личност. Поискусен сум и чувствувам огромен глад за победа – рече Даниел Дубоа.