Договор меѓу Иран и САД мора да биде ратификуван со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, објави иранската новинска агенција „Тасним“.
Според агенцијата, планот од 10 точки предложен од Иран, кој ќе биде основа за идните преговори со американската страна по повлекувањето на претседателот Доналд Трамп, предвидува дека сите евентуални договори мора да бидат одобрени со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на ОН.
Усвојувањето на таква резолуција би го претворило договорот во обврзувачко меѓународно право и, како што е наведено, би претставувало значајна дипломатска победа за иранскиот народ.
Иранскиот генерал-мајор Мохсен Резаи изјави дека вооружените сили остануваат во „целосна готовност“ сè додека не бидат целосно сигурни дека интересите на земјата се заштитени.
„Вооружените сили се на чкрапалото сè додека не бидат целосно сигурни во обезбедувањето на интересите на земјата“, рече Резаи.
Тој изјави дека американскиот претседател, по три повлекувања од преговорите, на крајот бил принуден да го прифати планот од 10 точки на Иран како основа за преговорите, што, според него, било резултат на отпорот на иранскиот народ, дејствијата на вооружените сили и советите на врховниот лидер на Иран, пренесува „Танјуг“.












