Швајцарските банки бележат рекордно висок процент на одбиени барања за потрошувачки кредити од дури 35,5 проценти во 2024 година, објави порталот Kreditferglajh (Kreditvergleich.ch), повикувајќи се на податоци од централниот регистар на кредитни информации.
Ова е значително зголемување во споредба со претходната година, кога стапката на одбивање беше 30,8 проценти, објавува порталот Swissinfo.
Главната причина за одбивањето се проблемите со солвентноста на клиентите кои поднеле барања за кредит, се додава во извештајот.
Вкупната вредност на активните договори за потрошувачки кредити е значително намалена, што покажува дека построгите практики за кредитирање веќе имаат силно влијание врз пазарот.
Уделот на одбиени барања за потрошувачки кредити е највисок во историјата, а обемот на трансакции се намалува, па затоа пазарот во 2024 година стана не само помал, туку и поселективен, оцени Јоаким Келмел, експерт на порталот Kreditferglajh, пренесува Танјуг.