Секое домаќинство во ЕУ треба да има торба со вода, храна, кибрит, готовина, друштвени игри… за кризна ситуација – Комплетите за преживување добиваат на актуелност во екот на тензиите меѓу Западот и Русија

25

Најдалеку отишле Финците, од кои, според анкета спроведена овој месец, 58 проценти од семејствата си обезбедиле итни резерви дима, кои би ги користеле во случај на криза. Исто така, и ЕУ планира да создаде стратешка резерва од клучни резерви, вклучувајќи авиони за гаснење пожар, медицинска опрема и алатки за справување со хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани. Десничарската група „Патриоти за Европа“ го осуди ова како „воена хистерија“.

 

 

Во екот на тензиите меѓу Западот и Русија, темата за комплети за преживување во екстремни вонредни ситуации повторно се појави во медиумите. Европската Унија, како што е познато, поведе иницијатива со која ги повикува граѓаните на своите 27 земји членки да подготвуваат комплети за преживување 72 часа во случај на екстремни вонредни ситуации, вклучително и можни конфликти. Оваа стратегија за подготвеност, презентирана оваа година од комесарката на ЕУ за управување со кризи, Хаџа Лабиб, е дел од поширок план за зајакнување на отпорноста на Европа на сложени и меѓусебно поврзани закани. Според препораките, граѓаните треба да обезбедат резерви од шишиња вода, конзервирана храна, светилки, кибрити, енергетски плочки, лични документи во водоотпорна кутија, готовина, лекови, швајцарски нож, карти за играње и радио на батерии.

– Знаењето што да се прави во случај на опасност спречува паника, истакна Лабиб, потсетувајќи на празните полици со тоалетна хартија во првите денови од пандемијата, пренесе „Вечерњи лист“.

Исто така, и ЕУ планира да создаде стратешка резерва од клучни резерви, вклучувајќи авиони за гаснење пожар, медицинска опрема и алатки за справување со хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани. Лахбиб објави нова Стратегија за подготвеност на ЕУ со десетици точки на дејствување, вклучувајќи воспоставување центар за координација на кризи и инструкции до сите жители да спакуваат комплети за итни случаи со доволно храна и резерви за да ги поминат првите три дена од вонредната состојба. Таа ја откри содржината на сопствената торба и порача секоја земја од ЕУ да состави список на предмети специфични за заканите со кои се соочува нивниот дел од светот. Задолжителни се фотокопии од лична карта, готовина, радио со батерии, полнач за телефон и батерија, светилка, кибрити и запалка во случај на прекин на електричната енергија, комплет за прва помош, вода, храна и друштвени игри за кратење на времето, пишува „Вечерњи лист“.

– Секако дека сите се надеваме дека никогаш нема да ни треба, но дури и во ситуации со поплави, бури, пожари, што и да имате, не е лоша идејата да сте подготвени, изјави данската членка на Европскиот парламент, Стине Босе, за „Еуроњуз“. Кинга Гал од десничарската група „Патриоти за Европа“ ова го осуди како „воена хистерија“.

– Создава паника, создава страв и не помага ништо затоа што немаме војна во Европската Унија и се надевам дека воопшто нема да имаме, изјави таа за „Еуроњуз“.

Сепак, иницијативата на Комисијата не е изолирана и неколку европски земји веќе презедоа слични иницијативи. Не е изненадувачки што земјите најблиску до Русија, се чини, се најдобро подготвени. Некои земји, како на пример, Шведска и Финска, почнаа да ги предупредуваат граѓаните на кризни ситуации уште минатата година со објавување на специјални водичи. Полска објави дека ќе го донесе водичот за преживување до крајот на годнава. Кампањи за тоа како да се подготват граѓаните за кризни ситуации има и во Литванија, Латвија, Франција, Германија, Белгија, иако некои од објавените прирачници за тоа што треба да содржи торбата за кризни ситуации не се однесуваат директно на опасност од војна, туку од поплава. Се чини дека најдалеку отишле Финците, од кои според анкетата спроведена овој месец, 58 проценти од семејствата си обезбедиле дома итни резерви кои би ги користеле во случај на криза.

ИЗДВОЕНИ