Седумте заповеди на Ханси Флик!

712
EPA-EFE/Alejandro Garcia

Откако Реал (М) во претходната сезона убедливо ја освои титулата, со десет бода предност во однос на Каталонците, кои стигнаа само до четвртфиналето и во Лигата на шампионите и во Купот на кралот, дојде до промена на тренерската позиција каде легендата на клубот Чави Хернандез беше заменет со Ханси Флик.

Од првиот ден во Барселона, Германецот јасно стави до знаење кој е шеф на тимот и воспостави одредени правила кои апсолутно сите мораа да ги почитуваат. Од најмалите, до оние закоравените фудбалски ѕвезди како Роберт Левандовски.

Непочитувањето на тие правила значеше и откажување од тимот, а очигледно дисциплината што успеа да ја изгради во редовите на Блауграна на крајот се исплатеше повеќекратно и се резултираше со една од најтрофејните сезони во историјата на клубот.

Германскиот стручњак утврди седум правила, чие почитување беше задолжително за сите, а еве ги правилата.

  1. Доцнење = преселба на клупата

Првиот и основен предуслов за градење дисциплина беше нулта толеранција за неисполнување на обврските и доцнење на тренинг. Казната за овој пропуст беше преселба на клупата, а најпознат случај беше голманот Игнасио Пења, кој беше исфрлен од составот бидејќи доцнеше на тренинг.

  1. Строг кодекс на облекување

Флик бараше сите во тимот да дишат како еден на теренот, па во тој дух сакаше надвор да бидат облечени во исти клупски бои.

Од доаѓањето на Германецот, стана задолжително играчите на натпреварите да доаѓаат во официјална клупска облека, со што тој сакаше дополнително да го зголеми чувството за заедништво и професионализам кај играчите.

  1. Строго следење на исхраната

Една од најважните работи за секој спортист е квалитетната исхрана, а Флик и тука не сакаше ништо да препушти на случајноста, туку им нареди да јадат во спортскиот центар Барселона.

Секој играч имаше личен план за исхрана креиран од клупскиот нутриционист Силва Тремоледа, кој состави мени за секој поединечно врз основа на физичките потреби на играчот, се со цел да се намали ризикот од повреди.

  1. Видео анализа по натпреварот

Видео-анализата е една од работите што баш и не им се допаѓа на многу фудбалери, но на тоа инсистираше Флик.

По секој натпревар, играчите заедно го гледаа видеото од нивниот настап, за да ги анализираат и поправат грешките кои ги направиле на теренот. Ова стана редовен дел од тимската култура на Барселона под водство на Ханси Флик.

  1. Напредни протоколи за обновување

Флик воведе методи за опоравување базирани на хипоксија, односно тренинзи во состојба во која телото нема доволно кислород за нормално да функционира, се со цел да се забрза опоравувањето на играчите и да се подобри нивната физичка подготвеност.

  1. Вежби во тренинг сесии за секој поединец

Тренинзите на Флик вклучуваат таканаречени „прилагодени тренинзи“, каде играчите добиваат специфични вежби врз основа на нивните улоги на теренот.

Дефанзивците, играчите од средниот ред и напаѓачите работеа на поинаков начин, прилагодени на нивните карактеристики.

  1. На тренинзите како и на натпреварот

По пристигнувањето во Барселона, Флик кажа нешто што потоа беше целосно имплементирано на тренинзите: Ако тренирате со 80%, нема да можете да дадете 100% ниту на натпревар.

Така, интензитетот на работа на тренинзите беше еднаков на оној на натпреварите, што ја подигна подготвеноста на тимот и доведе до трофеи.

ИЗДВОЕНИ