понеделник, февруари 9, 2026
Дома СВЕТ Седуммина загинати во пад на хеликоптер во Индија

Седуммина загинати во пад на хеликоптер во Индија

102

Цивилен хеликоптер се урна денес во северната индиска држава Утаракханд, при што загинаа седум лица, меѓу кои и двегодишно дете, објавија локалните медиуми.

Индискиот телевизиски канал News18 соопшти дека трагедијата се случила утрово и дека во него имало шест патници и пилот, објави „РИА Новости“.

Повикувајќи се на локалниот оддел за воздухопловство на државата Утаракханд, индиската новинска агенција ANI објави дека хеликоптерот се урнал во близина на селото Гаурикунди и дека, очигледно, лошото време е причина за несреќата.

Спасувачките екипи пристигнале на местото на настанот, соопшти индиската агенција, објави „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ