Седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР ќе се одржи на 10 септември, предвидена е и надзорна посета во просториите на АНБ

13

Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши вечерва соопштија дека седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за денеска во 17:00 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи на 10 септември.

Истовремено, за истиот ден е предвидена и надзорна посета во просториите на Агенцијата за национална безбедност.

Оваа одлука е во насока на зачувување на дигнитетот и интегритетот на Собранието  и како резултат на политичката култура и отворената дебата меѓу сите претставници во Собранието. Таа ја потврдува посветеноста на транспарентност, одговорност и унапредување на демократските процеси во интерес на граѓаните.

ИЗДВОЕНИ