сабота, февруари 28, 2026
Дома БАЛКАН Седми неуспешен обид за конституирање на собранието во Приштина

Седми неуспешен обид за конституирање на собранието во Приштина

107

Пратениците на Собранието на Косово денес не успеаја да го изберат претседателот на Собранието, по седми пат, откако кандидатот на Самоопределување, Аљбуљен Хаџиу, по петти пат не успеа да го добие потребниот број гласови.

Како и во претходните четири пати, 57 пратеници гласаа за Хаџиу, 41 гласаа против, а 3 пратеници беа воздржани.

Седницата е закажана да продолжи во вторник во 10 часот. За избор на претседател на парламентот на приштинските институции е потребно просто мнозинство, или 61 глас.

ИЗДВОЕНИ