сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Седма ноќ од американските напади врз Иран – Техеран тврди дека два...

Седма ноќ од американските напади врз Иран – Техеран тврди дека два танкери експлодирале во Ормускиот теснец

49
Фото: EPA/WAEL HAMZEH

Американската војска изврши нови напади врз Иран преку ноќ откако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи дека привремениот договор за прекин на огнот е „завршен“.

Централната команда на САД (Centcom) изјави на платформата „Икс“ дека американските сили „нападнале места за надзор, воена логистичка инфраструктура, подземни складишта за оружје и поморски објекти“.

Тоа беше седма ноќ од нови бранови напади врз Иран, за кои иранските власти велат дека загинале десетици, а стотици биле раненти.

Иранската војска тврдеше дека два танкери за нафта експлодирале и се запалиле додека се обидувале да поминат низ миниран пат во Ормускиот теснец.

Војската не даде дополнителни детали, но САД го негираа извештајот.

„Тоа не е точно“, соопшти американската Централна команда на социјалните медиуми.

„Би-би-си“ објави дека јорданската војска соопштила дека пресретнала 10 ирански ракети испукани во јорданскиот воздушен простор преку ноќ, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ