сабота, февруари 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се злоупотребуваат издадените одобренија за градење

Се злоупотребуваат издадените одобренија за градење

364

Општина Кичево ги предупредува граѓаните да внимаваат при купувањето станови, бидејќи на територијата на Општината била евидентирана зачестена злоупотреба на издадените одобренија за градење.

– Во Одделението за инспекциски работи – Инспекторат на Општина Кичево се водат постапки за објекти кај кои не е почитувано одобрението за градење, поради што е доведен во прашање статусот на тие објекти, а имотните листови на инвеститорите може да претрпат одредени измени – нагласуваат од Општината.

Оттаму ги повикуваат граѓаните пред потпишувањето какви било купопродажни договори да се обратат во просториите на Општина Кичево и да побараат подетални информации за конкретните објекти за да бидат заштитени од евентуални манипулации и злоупотреби.

 

ИЗДВОЕНИ