Се зголемува бројот на деца и вработени од штипско средно училиште, кои имаат симптоми на труење по јадење на сендвичи во блиската сендвичарница. Епидемилиогот, Светлана Живкова изјави дека до денеска имаат регистрирано 17 лица со симптоми на труење, со што бројката од вчера е зголемена за дополнителни 15 ученици и вработени во штипското училиште.
-До сега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана „Salmonella enteritidis“. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабараторија на Институтот за јавно здравје во Скопје, вели Живкова.
Таа додава дека резултатите од земените примероци се уште се чекаат.
Петнаесетмина ученици од штипско средно училиште имале симптоми на труење