Со оглед на тоа дека кралот на Обединетото Кралство Чарлс Трети се наоѓа во лоша здравствена состојба, не е за изненадување што принцот Вилијам презема се повеќе одговорности, а кралските експерти сега тврдат дека е сосема подготвен да ја преземе монархијата.
Откако одигра клучна дипломатска улога на погребот на папата Франциск, овозможувајќи мирно одржување на историската средба меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и укранинскиот претседател Володимир Зеленски, принцот Вилијам покажа дека ја разбира политичката ситуација во светот и дека знае како да го предводи темпото на помирување дури и во непријатни средби.
Како што забележа познатиот историчар Гарет Расел во емисијата „The Royal Beat – Back in Time“ na True Royalty TV, врз врз размислувањето на принцот Вилијам најмногу влијаела неговата баба, покојната кралица Елизабета Втора, која, како што вели, „во суштина го научила“ и се осмелеилада му го всади неопходното чувство за модернизација и реформи, пренесуваTportal.
Меѓутоа, експерт за кралското семејство изјави за “Page Six“ дека 42-годишниот престолонаследник веќе некое време покажува знаки дека ќе биде добар владетел.
Вилијам исклучително добро се покажа на повторното отворање на Нотр Дам, предводејќи го британскиот контингент. А во Рим им се придружи на Трамп, Макрон, Зеленски така што, практично е меѓу великаните“, рече Хуго Викерс.
Иако сите тврдат дека кралството е во стабилна состојба, последните изјави на принцот Хари укажуваат на тоа дека ситуацијата не е баш најдобра…
„Тоа е секогаш проблем – наследникот никогаш не знае кога ќе стане крал, но очигледно е татко му на Вилијам не се чувствува добро и се е насочено кон него. Но Вилијам е подготвен колку што е во неговите можности. Се чини дека не може да излезе на крај со тоа, што е добро бидејќи ќе му биде потребно кога тоа ќе се случи“,