сабота, февруари 7, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Се затвораат речиси половина од филијалите на грчката пошта

Се затвораат речиси половина од филијалите на грчката пошта

52

Речиси половина од филијалите на Хеленската пошта (ЕЛТА) низ целата земја ќе бидат затворени од понеделник, 3 ноември.

Според „Катимерини“, одлучено е трајно да се затворат 204 филијали, од вкупно 456 што моментално се во сопственост на државната поштенска компанија.

Меѓу оние што ќе бидат затворени, 40 се во Атика.

Ова претставува намалување од приближно 45 проценти од вкупната мрежа. Според раководството на компанијата, станува збор за пошти со ограничен сообраќај и ниска комерцијална активност, што го прави нивното затворање неопходно во контекст на финансиската рационализација што ЕЛТА ја спроведува од 2023 година, пренесува Танјуг.

Сепак, извори запознаени со ситуацијата изјавија за „Катимерини“ дека не сите пошти на ЕЛТА што се затворени беа загубари.

ИЗДВОЕНИ