Се заладија односите меѓу Трамп и Путин, пораката од Кремљ не ветува

161
EPA/GAVRIIL GRIGOROV/SPUTNIK/KREMLIN POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Русија во неделата се дистанцира од идејата за физичка средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин наскоро во врска со војната во Украина.

„Нема потреба“ брзо да се закажува средба во овој момент, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неделата, според државната новинска агенција ТАСС.

„Сега треба многу внимателно да работиме на деталите од договорот“, додаде тој.

По телефонскиот разговор со Путин на 16 октомври, Трамп рече дека се надева дека двајцата лидери ќе се сретнат во унгарската престолнина Будимпешта во рок од две недели, со цел да се стави крај на војната.

Сепак, последователните контакти меѓу Вашингтон и Москва се чини дека ги убедија американските претставници дека Русија не е подготвена да ги омекне своите максималистички барања кон Украина.

Трамп одлучи да го одложи самитот на неодредено време, велејќи дека тоа би бил „залуден состанок“. Потоа, на 22 октомври, за прв пат воведе строги санкции врз две руски нафтени компании, пишува Јутарњи.

Песков го повтори ставот на Москва и ги отфрли повиците САД, Европа и Украина повикуваат на прекин на огнот пред преговорите. Кремљ бара политички договор пред да завршат борбите.

ИЗДВОЕНИ