Се воведуваат нови правила: Ова се седум работи што ќе се променат на мобилните телефони

612
pexels

Европската Унија воведува нови правила за паметните телефони кои ќе стапат на сила на 20 јуни 2025 година, а тие имаат за цел да го продолжат животниот век на уредите и да ги олеснат поправките. Новите правила важат за паметни телефони, таблети, класични мобилни телефони (т.н. обични телефони) и безжични телефони.

Моментално, многу корисници ги менуваат мобилните телефони на секои две до три години, иако уредите честопати сè уште работат добро. Причините најчесто се прекин на ажурирањата на софтверот или слаба батерија. Новата регулатива на ЕУ за екодизајн треба да го промени тоа.

Според новите правила, батериите мора да задржат најмалку 80% од својот капацитет по 800 полнења. Исто така, батериите ќе бидат полесни за замена, а уредите ќе мора да бидат потрајни – поотпорни на паѓања, гребнатини и влага, пишува магазинот „Феникс“.

ИЗДВОЕНИ