Македонија во последниов период секојдневно се соочува со 20 до 30 пожари на отворено, иако на терен се ангажирани сите можни потенцијали на државата, почнувајќи од пожарникарите, вработените во ЈП „Национални шуми“, како и во НП „Јасен“. Жестока битка со пламените јазици во НП „Јасен“ се водеше и вчера. Како што истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, густиот чад ја оневозможувал прегледноста на пилотите во хеликоптерот вклучен во гаснењето на пожарот. Критичен е и пожарот во Свиларе, кој трае веќе неколку дена.
Македонија во последниов период секојдневно се соочува со 20 до 30 пожари на отворено, иако на терен се ангажирани сите можни потенцијали на државата, почнувајќи од пожарникарите, вработените во ЈП „Национални шуми“, како и во НП „Јасен“.
Жестока битка со пламените јазици во НП „Јасен“ се води и денеска. Како што истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, густиот чад ја оневозможувал прегледноста на пилотите во хеликоптерот вклучен во гаснењето на пожарот. Критичен е и пожарот во Свиларе, кој трае веќе неколку дена.
– Најтежок пожар е оној во Јасен, но ја загубивме контролата и на еден крак од пожарот во Свиларе, кој се прошири до Јегуновце и кој гори на рид каде што има неколку репетитори. Репетиторите се успешно спасени и остануваат функционални, но пожарот е сè уште активен – изјави Ангелов.
Тој додаде дека на терен дејствува еден полициски хеликоптер и дека според процените, се очекува пожарот во Јегуновце да биде ставен под целосна контрола.
Според Ангелов, има активен пожар и во Општина Долени, помеѓу селата Лажани и Средорек, каде што горат ниска вегетација и стрниште. Под контрола се ставени два пожара во Општина Македонски Брод, и тоа во селата Девич и Грешница, каде што гори ниска вегетација.
За да се заштитат националните паркови во државата од пожарите, за да може рано да се откриваат, за потоа навремено да се реагира и да се спречат штети, приоритет на директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, е инсталирањето камери.
Тој го истакна тоа на денешната средба со директорот на Националниот пар „Шар Планина“, Евзал Елмази, на која се разговарало за мерките и за активностите за заштита од огнените стихии.
– Двајцата директори се согласија дека модернизацијата на системот за следење и зголемената координација меѓу институциите ќе придонесат за поефикасна превенција, брза интервенција и за зачувување на природните ресурси во националните паркови во државата – соопштија од ЦУК.
Оттаму додаваат дека националните паркови се непроценливо богатство на нашата земја и дека нивната заштита е заедничка одговорност и должност кон идните генерации.
(А. П.)