epa01066142 Tennis Champion Arantxa Sanchez-Vicario of Spain waves to the crowd during her induction into the International Tennis Hall of Fame Class of 2007 in Newport, Rhode Island, USA, 14 July 2007. Tennis Champion Pete Sampras of the United States and fellow 2007 class member is seen at right. EPA/CJ GUNTHER

За поранешниот женски светски тениски рекет број еден, легендарната Аранча Санчез Викарио (54), животот стана вистински пекол. Таа заврши на суд под обвинението дека , заедно со својот поранешен сопруг, Џузепе Сантакана, избегнале плаќање долг кон Банката на Луксембург, за што ѝ се закануваше повеќегодишна затворска казна.

Ѝ се закануваше четиригодишна затворска казна, но на пресудата на 12 септември 2023 година, ѝ беше изречена условна двегодишна затворска казна. Таа застана пред судијата и плачеше. Исто така, беше казнета со 8.640 евра.

На инсистирање од нејзиниот поранешен сопруг, Аранча Санчез смислила план за да избегне плаќање данок на доход. Наводно, таа и нејзиниот поранешен сопруг ѝ должат на Банката на Луксембург 6,6 милиони евра, вклучувајќи ја и каматата за даноци што никогаш не ги платиле.

Познатата тенисерка тврди дека била манипулирана од Сантакана, кој бил задолжен за финансиите од 2009 година. Таа изјавила на суд дека е подготвена да го плати долгот, но нејзиниот тогашен сопруг ѝ рекол дека се погрижил за сè и дека нема за што да се грижи.

– Го направив она што го побара од мене. Јас сум тенисерка, не сум запознаена со сите детали кога станува збор за имотот, компаниите, не ги разбирам тие работи. Му верував – изјавила поранешната тениска ѕвезда пред судот во Барселона.

Иако заработи околу 17 милиони евра во текот на својата  исклучително успешна тениска кариера, легендарната тенисерка од Шпанија сега едвај врзува крај со крај.

Таа истакна дека го тужела својот поранешен партнер во САД за да открие каде се нејзините пари, откако тој наводно ги продал сите средства што ги стекнала во текот на својата професионална кариера.

– Се вљубив во погрешен човек, вината е моја – рече Аранча.

Низ солзи, таа се пожали дека нејзината финансиска состојба е исклучително тешка и дека практично успева да преживее благодарение на своите пријатели, кои ѝ помагаат.

– Можам да ги издржувам моите деца благодарение на парите што ми ги оставаат моите пријатели. Така се борам. Се трудам најдобро што можам и нема да се откажам – рече тенисерката.

Нејзиниот поранешен сопруг, Џозеф Сантакана, исто така, ја презентираше својата страна од приказната. Тој истакна дека неговата поранешна жена не може да избега од одговорноста за оваа финансиска афера.

Како што рече, грешката што ја направила не била вљубувањето во него, туку избегнувањето плаќање даноци и неодговорноста кон сопственото семејство.

EPA/TONI ALBIR

– Очекувам вистината да излезе на виделина кога ќе заврши ова – рече поранешниот сопруг.

Во признание за шпанските медиуми, таа призна: „Половина од сè што сум заработила како професионална тенисерка морам да го дадам за да ги вратам долговите. Сама издржувам две деца, а моите пријатели ми помагаат финансиски. Веќе сум навикната на тоа. Неверојатно е колку труд вложувам и колку повеќе треба да вложам до крајот на животот за да се вратам на нозе, финансиски. Ситуацијата е навистина, навистина тешка – изјави таа сосема искрено пред две години.

Патем, ова ѝ беше втор брак на познатата Шпанка. По краткотрајната легализирана романса со спортскиот новинар Хуан Вехилс од 2000 до 2001 година, таа се омажи за контроверзниот бизнисмен Хозеп Сантакана, со кого има две деца: ќерката Аранча (18) и синот Лео (15). Во едно интервју, таа откри што прават децата.

EPA PHOTO EPA/GERRY PENNY

– Двајцата се фудбалери. Значи, јас не сум мајка на тенисери, туку мајка на фудбалери. Секој викенд ги бодрам ќерка ми и син ми во текот на нивните натпревари. Прекрасно е да се види како се забавуваат спортувајќи – изјави таа за „Спортскид“ пред две години.

Во текот на својата кариера, таа освои 29 титули во поединечна конкуренција и 69 титули во двојки. Исто така, четири пати го крена трофејот во мешани двојки.

Со Шпанија освои четири олимписки медали и пет титули во Фед- купот. Во 1989 година, таа стана најмладата победничка на Ролан Гарос откако ја победи тогашната број 1, Штефи Граф, во Париз, на 18-годишна возраст. Една година подоцна, нејзиниот рекорд го сруши Моника Селеш, која го направи тоа на само 16 години. Се пензионираше во 2002 година за да биде активна по кратко време, во 2004 година, станувајќи единствената тенисерка што играла на пет Олимписки игри.

 

ИЗДВОЕНИ