Во моментов, на лице место се ангажирани Припадници на МВР, специјалната единица „Волци“ на Армијата, како и припадници од Полициската станица Велес, се уште трагаат 16-годишното девојче што вчера попладне исчезна во водите на реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско, велат од ЦУК.
Акцијата се одвива во координација и со зголемено присуство на терен.
Како што информираа од СВР Велес, вчера попладне било пријавено дека две лица, на возраст од 16 и 26 години, паднале во водите на реката.
По доаѓањето на екипите на терен, 26-годишната девојка била пронајдена жива и извлечена од водата, а по 16-годишното дете се трага.