четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сé уште не е време да ги спакуваме зимските јакни! Пристигнува заладување

Сé уште не е време да ги спакуваме зимските јакни! Пристигнува заладување

1763

Од сабота следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а претежно во попладневните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура од вторник ќе биде во опаѓање, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Што се однесува до подолгорочната прогноза, отсега се очекува дека од, и по 17-ти март на повидок е спуштање на ладен бран од север кон Балканот и секако кон Македонија. Иако во март влеговме со температури над просекот што надминуваат 15 степени, метеоролозите истакнуваат дека нè очекуваат промени.

Можно е враќање на зимските температури и на снегот особено на планинските и повисоките места, но можна е  и појавата на утрински мразеви, пишува Метеоаларм во најновата прогноза.

Одсега гледано појава на снег од и по 17-ти март 2026 можно е да има и на местата со помала надморска височина, односно на местата со надморска височина од под 1000 метри.

ИЗДВОЕНИ