Се уште не е крај! Анџелина Џоли бара 33.000 долари од Бред Пит

51

Американската актерка Анџелина Џоли детално напиша за тоа колку бил тежок нејзиниот развод од Бред Пит, во средината на нивната правна битка за имотот и винаријата Шато Миравал во Франција.

„Настаните што доведоа до мојата потреба да се разделам од мојот поранешен сопруг беа емоционално тешки за мене и нашите деца. Кога поднесов барање за развод, му ја дадов контролата врз нашите семејни домови во Лос Анџелес и Миравал, без надомест. Се надевав дека ова ќе го смири по тешкиот и трауматичен период“, рече таа.

Понатаму напиша дека таа и нејзините деца не стапнале на споменатиот имот откако се разведоа, бидејќи им враќаат болни спомени.

„По разводот, веднаш почнав да барам нов дом за себе и за нашите деца. Првично, ја изнајмив куќата додека барав постабилно решение“, додаде таа.

Бред ја тужеше Анџелина за нејзиниот дел од францускиот имот, тврдејќи дека го продала својот дел на винскиот бренд Столи Груп без негова дозвола.

Актерката тврди дека не ѝ била потребна негова дозвола за тоа.

Таа, исто така, рече дека нејзините заштеди биле врзани во Миравал и дека не побарала од Бред алиментација или каква било друга финансиска поддршка, па затоа ѝ биле потребни парите од имотот.

„Исто така, бев многу загрижена за здравјето на нашите деца, па одбив да работам околу две години за да можам да се фокусирам на грижата за нашите деца и нивното закрепнување“, рече таа.

Таа тврди дека била толку финансиски ограничена што не можела да си дозволи да купи куќа, па Бред наводно се согласил да ѝ ги позајми парите со камата.

„Миравал беше една од првите големи инвестиции што ги направивме заедно и беше најважниот дел од нашиот семеен живот. Се венчавме таму, јас поминав дел од бременоста таму и ги доведов нашите близнаци дома од болницата таму. Беше тешко да се одвоиме од домот и спомените толку ненадејно, а особено беше тешко за децата бидејќи нивните животи беа толку нарушени“, продолжи таа.

Сега таа бара од својот поранешен сопруг 33.000 долари за да ги покрие судските трошоци.

ИЗДВОЕНИ