Се урна воен хеликоптер во Германија: Делови од остатоците пловат во река – војската, полицијата и нуркачите трагаат по исчезнатиот екипаж

124
Фото:принтскрин „Икс“

Во близина на градот Грим во Саксонија, каде што денес се урна воен хеликоптер, се одвива драматично пребарување. Делови од остатоците пловат во реката Мулде, а припадници на германската војска, полиција и нуркачи го бараат исчезнатиот екипаж, пренесува „Хина“.

Според информации од безбедносни извори до германскиот весник Билд, германската војска (Бундесвер) го бара хеликоптерот, пилотот и евентуалните членови на екипажот.

На местото на настанот пристигнале бројни противпожарни и полициски спасувачки екипи. Нуркачи се повикани и на помош. Според првичните информации, деловите од леталото биле откриени од кајакари кои се движеле по реката. Местото на несреќата се наоѓа во близина на автопатот А14 помеѓу Дрезден и Лајпциг.

ИЗДВОЕНИ