Турски воен товарен авион се урна денес во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија, објави турското Министерство за одбрана, пишува AP News.
Министерството објави на социјалната мрежа X дека авионот C-130 полетал од Азербејџан и е на пат назад кон Турција. Сè уште не е познато колку членови на екипажот биле во леталото. Започната е операција за пребарување и спасување во координација со азербејџанските и грузиските власти, соопшти министерството.
Воените товарни авиони C-130 се широко користени од страна на турските вооружени сили за транспорт на персонал и логистички операции. Турција и Азербејџан одржуваат тесна воена соработка.
Објавени снимки од несреќата
Видео кое наводно го прикажува моментот на несреќата беше емитувано на турската приватна телевизија НТВ и други медиуми. Видеото го прикажува авионот како остава трага од бел чад зад себе.
‼️The Turkish Defense Ministry reported that a C-130 military transport aircraft, which had taken off from Azerbaijan, crashed in Georgia. pic.twitter.com/04g1T04ilP
— NEXTA (@nexta_tv) November 11, 2025












