Во Битола попладнево, во централното градско подрачје се сруши стара куќа и оштети неколку возила пракирани во непосредна близина на куќата.
Несреќниот случај е регистриран зад станбениот комплекс, кај битолчани позната како „Зградата кај ЈАТ“, чиј простор се користи за паркирање на возила.
Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Битола, а обезбедени се и изјави на сопствениците на оштетените возила.
Во Битола, во централното градско подрачје има и други стари куќи кои претставуваат потенцијална опасност за сообраќајот и минувачите низ градот.












