вторник, февруари 10, 2026
Дома СВЕТ Се урна руски патнички хеликоптер: Почнал да паѓа, па се запалил, откриено...

Се урна руски патнички хеликоптер: Почнал да паѓа, па се запалил, откриено кои се жртвите/ВИДЕО

194

Ново вознемирувачко видео кое ја прикажува експлозијата на рускиот хеликоптер Ка-226 кој се урна и падна врз куќа во Дагестан во петокот, се прошири низ социјалните мрежи, објавува The Sun.

Прикажана е целата реконструкција на трагедијата. Додека се обидувал да слета, пилотот прво удрил во пристаништето. Решил да го крене хеликоптерот, иако оштетената опашка висела од него. Потоа повторно го спуштил во плиткото море, но наместо да го исклучи моторот, решил повторно да го крене леталото.

Успеале да полетаат, но било јасно дека пилотот имал тешкотии со контролата и морал да изврши итно слетување. После тоа, имало моменти на ужас – хеликоптерот почнал неконтролирано да се врти и да паѓа кон земјата, а потоа се претворил во огромна oгнена топка.

Откриено кој бил внатре
Иако „Сан“ објави дека четири лица се живи изгорени, а тројца се повредени, „Киев Индепендент“ објавува дека има петмина мртви. Тие додаваат дека меѓу нив се и четворица вработени во фабриката КЕМЗ во Дагестан, која се занимава со производство на системи за контрола на земја, дијагностика и друга опрема, првенствено за авиони „Сухој“ и „МиГ“.

Компанијата во соопштението наведува дека меѓу загинатите е и заменик-генералниот директор за градежна и транспортна поддршка. Да ве потсетиме дека САД воведоа санкции врз КЕМЗ поради нејзиното учество во руската агресија врз Украина.

Точната причина за несреќата сè уште е непозната. Росавијација, руската федерална агенција за цивилно воздухопловство, забележа дека се случила „катастрофа“ и дека ќе учествува во официјална истрага што треба да фрли светлина врз сите околности.

ИЗДВОЕНИ