понеделник, јануари 26, 2026
Дома СВЕТ Се урна приватен авион во САД, само еден преживеан

Се урна приватен авион во САД, само еден преживеан

23
Foto: Pexels

Седум лица загинаа, а едно беше тешко повредено во неделата кога приватен авион се урна за време на полетувањето од меѓународниот аеродром Бангор во Мејн, соопшти денес Федералната администрација за воздухопловство (FAA).

Падот на двомоторниот авион на меѓународниот аеродром Бангор се случи околу 19:45 часот по локално време во неделата, соопшти FAA.

Падот се случил среде силна снежна бура што се движеше низ североисточниот дел на САД.

ИЗДВОЕНИ